Постои народ кој се љуби себеси.
Да!, навистина постои народ кој се љуби себеси.
Тој народ искрено се вреднува и почитува себеси, својата култура, својот јазик, своите предци. Вреднувајќи се себеси тој народ ги вреднува и другите. И ги љуби другите како што се љуби себеси.
Тој народ ја љуби својата земја. Не затоа што е најдобра и најубава, туку затоа што ја почитува. Затоа што од неа потекнува. Од неа се храни. На неа израснал.
Тој народ го почитува своето минато. Не затоа што е најсреќно. Ниту затоа што е најбогато. Ниту затоа што е најјуначко. Го почитува затоа што е негово. Го почитува поради сѐ што научил од него. Поради тоа што поуките од минатото му овозможиле да создаде подобра сегашност.
А тој народ знае да ужива во сегашноста, да живее со радост. И од таа радост изнедрува вера дека следните поколенија ќе живеат уште подобро, со уште поголема радост. И работи за тоа да се оствари.
Тој народ има мудрост да го почитува тоа што го наследил и тоа што го создал. И има мудрост да создава за следните поколенија.
Постои народ кој се љуби себеси и кој ги љуби другите како што се љуби себеси. Постои народ кој има почитување. И слога. И вера. И мудрост.
Препорачани четива