Исцелување

Исцелување, тоа е кога ќе направиме нештото повторно да биде цело.

Исцелување е кога сите поединечни делови, расфрлани низ просторот и времето, повторно ќе се склопат во една целина, повторно ќе бидат во Едност.

Се исцелуваат и телото и душата.

Исцелувајќи се созреваме како битија, ги развиваме своите знаења и вештини, стануваме свесни за своите способности, ги применуваме своите знаења и вештини во секојдневниот живот и живееме подобар живот.

Ги исцелуваме сите оние делови кои се откинале од нас или кои ние сме ги отфрлиле од себе. И се ослободуваме од сите оние делови кои не ни припаѓаат, кои сме ги презеле од другите, а кон кои се однесуваме како да се наши. Имало место и време кога сме мислеле дека некои делови од нас не ни требаат, ни претставуваат оптоварување или кои, едноставно, сме сакале да ги дадеме на друг. Нивното место сме го пополниле со други делови или „сме ги оставиле на провев“. И страдаме. Трпиме болка поради она што ни недостасува и поради она што не е наше. Ама не мора да биде така.

Тета исцелување е техника која овозможува пренасочување на мислите, на вниманието, од она што нѐ попречува да искусиме изобилство на она што ни овозможува да живееме во изобилство. Толку е едноставно.

Како се работи?

Индивидуални средби и персонализиран пристап, прилагоден за секој/-а клиент/-ка, под водство на практичар за Тета исцелување.

Низ разговор се утврдуваат целта на клиентот/-ката и на неговите/нејзините отпори кои го попречуваат остварувањето на таа цел.

Во заеднички процес со практичарот за Тета исцелување чувствата и уверувањата кои го попречуваат остварувањето на поставената цел се заменуваат со чувства, верувања, доблести кои го олеснуваат остварувањето на целта. Овој процес е медитативен. Се изведува на Тета фреквенција на мозочни бранови со што се олеснува остварувањето на поставената цел и веројатноста за нејзино манифестирање се зголемува на 80-90%. Редовното практикување на Тета исцелување уште повеќе ја зголемува веројатноста за манифестирање на посакувани состојби и околности, а со тоа се намалуваат болката и страдањето.

Колку време трае?

Најчесто просечно времетраење на еден третман е околу деведесет минути.

Колку третмани се потребни за постигнување на одреден цел зависи од клиентот/-ката. Некои цели се остваруваат со една средба, но за разрешување на длабоко вкоренети чувства и верувања може да бидат потребни повеќе од една средба. Важно е да се има предвид дека со секоја средба се симнува барем по еден слој од отпорите кои го попречуваат остварувањето на посакуваната цел.

Сега знаеме дека можеме да се исцелиме.

Сега знаеме дека можеме да ги отпуштиме болката и страдањето.

Сега знаеме дека можеме повторно да ја почувствуваме радоста во животот, радоста во работата, радоста во односите со семејството, со пријателите, со луѓето кои нѐ опкружуваат.

Сега е знаеме дека можеме повеќе.

Сега знаеме како да се исцелиме и време е да направиме нешто за себе.

Знаеме дека можеме да се исцелиме и да се вратиме на својот Пат.

Објавено на: