Поддршка за односи со други луѓе

Поддршка за односи со други луѓе

Луѓето се такви какви што се, „напорни“, „себични“, „саможиви“, „користољубиви“, „злобни“, „подмолни“, „лажливи“ или едноставно, „расипани“. А можеби и не се такви? Можеби тоа е само наше гледиште, наше доживување на светот кој нѐ опкружува?

А ова наше гледиште може да ги определува околностите во кои живееме. Од ваквото гледиште може да зависи дали имаме пријатели и какви односи со пријателите имаме. Од ваквото гледиште може да зависи какви односи имаме со емотивниот/-та партнер/-ка. Од ваквото гледиште може да зависи какви ни се односите со наставниците, колегите, претпоставените, подредените. Од ваквото гледиште може да зависи дали го живееме животот со радост, со задоволство.

Другите луѓе не можеме да ги смениме, ниту треба да ги менуваме затоа што така ним им ја наметнуваме нашата волја. Тоа што можеме да го направиме е да се смениме себеси, да ги смениме во себе работите кои ни пречат кај другите луѓе. Менувајќи се себеси ќе видиме колку полесно комуницираме со светот околу себе, колку полесно комуницираме со луѓето кои претходно не сме можеле да ги поднесеме.

Не морате да го менувате училиштето. Не морате да се селите. Не морате да го напуштате работното место. Не морате да се разведувате. Не морате да го менувате местото каде што пазарите.

Само сменете го она што Ви пречи во односите со другите луѓе и ќе сведочите за чудесна промена. Нема да ги смените другите луѓе, ама ќе ги смените своите чувства и уверувања и ќе видите како Вашиот однос со нив се менува. Другите луѓе можеби ќе останат исти, ама поинаку ќе се однесуваат со Вас, а можно е, едноставно, да Ви се тргнат од патот.

Тета исцелување е техника која овозможува пренасочување на мислите, на вниманието, од она што нѐ попречува да искусиме успех и изобилство на она што ни овозможува да живееме со успех и во изобилство. Толку е едноставно.

Како се работи?

Индивидуални средби и персонализиран пристап, прилагоден за секој/-а клиент/-ка, под водство на практичар за Тета исцелување.

Низ разговор се утврдуваат целта на клиентот/-ката и на неговите/нејзините отпори кои го попречуваат остварувањето на таа цел.

Во заеднички процес со практичарот за Тета исцелување чувствата и уверувањата кои го попречуваат остварувањето на поставената цел се заменуваат со чувства, верувања, доблести кои го олеснуваат остварувањето на целта. Овој процес е медитативен. Се изведува на Тета фреквенција на мозочни бранови со што се олеснува остварувањето на поставената цел и веројатноста за манифестирање се зголемува на 80-90%. Редовното практикување на Тета исцелување уште повеќе ја зголемува веројатноста за манифестирање на посакувани состојби и околности, а со тоа намалуваат болката и страдањето.

Колку време трае?

Најчесто просечно времетраење на еден третман е околу деведесет минути.

Колку третмани се потребни за постигнување на одреден цел зависи од клиентот/-ката. Некои цели се остваруваат со една средба, но за цели попречени од длабоко вкоренети чувства и верувања може да бидат потребни повеќе од една средба. Важно е да се има предвид дека со секоја средба се симнува барем по еден слој од отпорите кои го попречуваат остварувањето на посакуваната цел.


Што добивате?

  • Разрешување на чувствата и на уверувањата поради кои сте незадоволни од односите со другите луѓе.
  • Стекнување на меки вештини (чувства, верувања и доблести) кои Ви овозможуваат да имате добра комуникација со другите луѓе.
  • Хармонизација на односите со околината и на околностите во кои живеете, учите, работите.
  • Радост во животот и во односите со другите луѓе.

Ова е за Вас ако:

  • не можете да ги поднесете другите луѓе, односно не можете да ги поднесете нивните особини и нивното однесување;
  • не можете да поднесете да Ве мачат, исмеваат и понижуваат;
  • не можете да поднесете да не Ве вреднуваат како личност;
  • не можете да го живеете животот затворени во својот свет додека гледате како другите се радуваат;
  • Ви доаѓа да се откажете од сѐ;
  • верувате во себе и подготвени сте да преземете одговорност за својот живот;
  • верувате дека имате право на подобар живот;
  • верувате дека можете да постигнете многу повеќе и да им послужите на другите луѓе како пример за искрена и отворена комуникација и за хармонични меѓучовечки односи.

Ова не е за Вас ако:

  • знаете сѐ и сметате дека немате потреба од туѓа помош;
  • другите ги обвинувате за Вашата мизерија;
  • не сте подготвени да преземете одговорност за себе и за остврување на своите замисли;
  • очекувате некој друг да Ве избави од болката и од страдањето;
  • Вашиот личен раст и развој го користите за да им се одмаздите на другите луѓе;
  • имате намера Вашите цели да ги остварувате наштетувајќи им на другите.

Објавено на: