Поддршка за школување

Поддршка за школување

Можно е да имате одлични резултати во учењето.

Ви се случило ли некогаш да знаете сѐ, ама да добиете слаба оцена или да паднете на испитот? Ќе се возбудите, ќе се збуните, ќе почнете да пелтечите и ќе оставите впечаток дека немате доволно знаење. Всушност, зад таа возбуда обично се крие недостаток на самодоверба која е поткрепена со уверувањата „Не верувам дека можам да остварам успех.“, „Не верувам дека заслужувам вакво добро“ и слично, со кои самите си го саботираме остварувањето на поставената цел.

А можеби Ви се случило да немате доволно знаење, ама да добиете одлична оцена или барем да поминете подобро отколку што сте очекувале.

Во што е разликата? Во храброста, во решителноста, во самодовербата, во почитувањето, во самопочитувањето. Овие доблести, вештини, сите ги имаме на располагање, само што некогаш сме попречени да ги изразиме на соодветен начин.

Многу луѓе раснат и живеат во опкружување кое е демотивирачко, па дури и деградирачко за нивната интелегенција. Во такво опкружување можеби ќе стекнат многу други знаења и вештини, но тоа може да претставува голема пречка ако решат да ги остваруваат своите цели преку конвенционалното образование.

Сепак има решение. Секој човек е способен да манифестира успех и изобилство во својот живот.

Тета исцелување е техника која овозможува пренасочување на мислите, на вниманието, од она што нѐ попречува да искусиме успех и изобилство на она што ни овозможува да живееме со успех и во изобилство. Толку е едноставно.

Како се работи?

Индивидуални средби и персонализиран пристап, прилагоден за секој/-а клиент/-ка, под водство на практичар за Тета исцелување.

Низ разговор се утврдуваат целта на клиентот/-ката и на неговите/нејзините отпори кои го попречуваат остварувањето на таа цел.

Во заеднички процес со практичарот за Тета исцелување чувствата и уверувањата кои го попречуваат остварувањето на поставената цел се заменуваат со чувства, верувања, доблести кои го олеснуваат остварувањето на целта. Овој процес е медитативен. Се изведува на Тета фреквенција на мозочни бранови со што се олеснува остварувањето на поставената цел и веројатноста за манифестирање се зголемува на 80-90%. Редовното практикување на Тета исцелување уште повеќе ја зголемува веројатноста за манифестирање на посакувани состојби и околности, а со тоа намалуваат болката и страдањето.

Колку време трае?

Најчесто просечно времетраење на еден третман е околу деведесет минути.

Колку третмани се потребни за постигнување на одреден цел зависи од клиентот/-ката. Некои цели се остваруваат со една средба, но за цели попречени од длабоко вкоренети чувства и верувања може да бидат потребни повеќе од една средба. Важно е да се има предвид дека со секоја средба се симнува барем по еден слој од отпорите кои го попречуваат остварувањето на посакуваната цел.


Што добивате?

  • Разрешување на чувствата и на уверувањата кои Ве попречуваат да остварите посакуван успех во образованието.
  • Стекнување на чувства, верувања и доблести кои Ви овозможуваат да остварите одличен успех во образованието.
  • Поддршка во развивање на визија за примена на стекнатото знаење во секојдневниот живот.
  • Поддршка во поставување на цел за понатамошен стручен развој и за професионална ориентација.
  • Поддршка и инспирација за препознавање на личните афинитети и можности за понатамошна професионална ориентација
  • Дискусија и инспирација за препознавање на личните компетенции (знаења, искуства, вештини, меки вештини) кои можат да претставуваат основа за понатамошна професионална ориентација

Ова е за Вас ако:

  • не можете да поднесете да Ве исмеваат и понижуваат поради Вашата интелегенција;
  • не можете да се справите со стресот при учењето и испитите;
  • не можете да поднесете да не Ви се вреднуваат знаењето и трудот;
  • Ви доаѓа да се откажете од сѐ;
  • сте имале многу неуспеси, ама знаете дека можете да остварите повеќе;
  • знаете дека можете многу полесно да ги остварувате своите цели, ама не знаете како;
  • верувате во себе и подготвени сте да преземете одговорност за својот живот;
  • верувате дека имате право на подобар живот;
  • верувате дека можете да постигнете многу повеќе од ова што сега го имате и го правите во животот.

Ова не е за Вас ако:

  • знаете сѐ и сметате дека немате потреба од туѓа помош;
  • другите ги обвинувате за своите неуспеси;
  • не сте подготвени да преземете одговорност за себе и за остврување на своите замисли;
  • очекувате некој друг да Ве избави од болката и од страдањето;
  • имате намера Вашите целите да ги остварувате наштетувајќи им на другите.

Објавено на: