Тета состојба
Тета (гр. θῆτᾰ, анг. theta) е состојба на длабока опуштеност, како при хипноза или длабок сон. Кога сме во тета состојба мозочните бранови имаат фреквенција од 4 до 7 херци. Во минатото луѓето посветени на својот духовен развој морале да тихуваат со часови за да постигнат состојба на таква потполна смиреност, во будна состојба. Во денешно време тоа е лесно остварливо со едноставна медитација.
Луѓето, обично, состојбата на тета мозочни бранови ја сметаат за нешто несекојдневно, нешто како потсвест. Со помош на оваа мозочна фреквенција полесно се пристапува до спомените и чувствата, а тие спомени и чувства можат да влијаат на нашите чувства и верувања, а преку тоа и на нашето однесување. Мозочните тета бранови секогаш се творечки, вдахновувачки и исполнети со силни духовни впечатоци.
Во својот реферат под наслов „Промени во мозочните функции кај депресивните пациенти во текот на лекувањето со плацебо“ (Changes in Brain Function of Depressed Subjects During Treatment With Placebo), објавен во Американскиот билтен за психијатрија (American Journal of Psychiarchy), Лојхтер (Leuchter) и другите автори наведуваат дека вршеле испитувања на промените на мозочните тета бранови кај пациентите лекувани од депресија со плацебо. Според овие автори, кај пациентите лекувани на ваков начин е забележано подобрување на нивната здравствена состојба.
Со техниката Тета исцелување, со помош на едноставна медитација, се постигнува работа на мозокот на тета фреквенција, во будна состојба, а со тоа се олеснува исцелувањето.
Други мозочни фреквенции
Освен на фреквенција на тета бранови, човековиот мозок работи и на фреквенција на алфа, бета, гама и делта мозочни бранови. Сиве овие фреквенции се активираат во зависност од дневните дејствија на единката. Состојбите во алфа, тета и тета-гама мозочни фреквенции овозможуваат подобрување на квалитетот на животот кај човекот.
* Овој опис е парафразиран од: Vajana Stajbal. Theta isceljivanje, Uvod u izuzetnu tehniku energetskog isceljivanja. Beograd: Sundaram Udruženje za poboljšanje kvaliteta života, 2017, стр. 16-18.
Објавено на: