Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Да, јас сметам дека Тета исцелување е техника која е применлива во сите области на човечкиот живот и дека со неа секој човек може да внесе повеќе радост во својот живот. Сепак, услов е третманот со Тета исцелување да биде доброволен и со согласност на клиентот/клиентката. Третман со Тета исцелување може да се прави и во име на трето лице, но само со согласност на лицето на кое се однесува третманот. Исклучок од ова правило може да се направи кога родители прават третман во име на нивните малолетни деца, но јас барам детето да даде согласност ако е на возраст од дванаесет години или повеќе. Во спротивно, имајќи предвид дека децата може да одбијат третман со Тета исцелување, сосема е доволно што родителот ќе примени ваков третман кај себе за прашањата кои се однесуваат на неговото дете. Поточно, третирајќи се себеси со Тета исцелување родителот му помага и на своето дете. Искуствата покажуваат дека исцелувањето кај клиентот/клиентката може да се пренесе и на други луѓе во неговото/нејзиното опкружување, со што влијае на подобрување на меѓучовечките односи.
Колку порано, толку подобро. Има една поговорка која вели, „Подобро да се спречи отколку да се лечи“. Не чекајте болката и страдањето да станат неподносливи. Не дозволувајте на нив да се напластат други болки и нови страдања. Сепак, доброто е што со Тета исцелување може да се разрешат и непосакувани состојби кои долгорочно опстојуваат.
Со помош на Тета исцелување може да се постигне инстантно исцелување. Сепак, искуствата покажуваат дека на повеќето луѓе за одредени состојби им требаат неколку часа, неколку дена, па и неколку недели за да се исцелат. За некои состојби се потребни и повеќе третмани до потполно исцелување.
Сѐ зависи од единката. Секој човек е единка сама по себе. Некои луѓе со само еден третман може да ја постигнат посакувана цел/состојба, додека на други луѓе може им се потребни два и повеќе третмани за постигнување на нивните посакувани цели/состојби. Една од највоодушевувачките работи кај Тета исцелување е што има голема ефикасност во остварувањето на целите, најмалку 70 %, а и клиентите/-ките кои имаат потреба од повеќе од еден третман со секој третман добиваат се поголемо олеснување и сѐ се поблиску до остварувањето на својата цел.
Исцелувањето е потполно и трајно. Она што треба да разберете е дека ако по исцелувањето повторно се соочувате со нешто што Ви предизвикува болка и страдање тоа се симптоми кои укажуваат на потребата да се исцели некоја друга состојба.
Не е можно да не успее. Тета исцелување е техника со докажана висока ефикасност. Кај луѓе со хронични непосакувани состојби може да требаат поголема стрпливост и истрајност, а кај скептични луѓе добродојдени се поголема вера и самодоверба. Она што е важно е дека со Тета исцелување можете да си го подобрите својот живот и да внесете повеќе радост во него, ако навистина имате таква намера.
Да, третман со Тета исцелување може да се прави на далечина, вообичаено преку телефон, Вибер или слични телекомуникациски услуги. Единствената разлика меѓу третман со физичка присуство во иста просторија и треман на далечина е во личното доживување на комуникацијата.

Објавено на: