Работете ја работата која најмногу Ви одговара.
Можно е да се вработите. Можно е професионално да напредувате. Можно е да најдете нова, подобра работа. Можно е да ја работите работата која најмногу Ви одговара. И колку и да звучи невозможно, можно е да ја работите работата од Вашите соништа. Всушност, може да Ве изненади колку е тоа возможно.
Дали до сега успеавте да се реализирате професионално?
Дали можете да се издржувате себеси и своето семејство?
Тета исцелување има едноставен светоглед за целите кои си ги поставуваме во животот кој вели, „Сѐ што сакам да имам, а го немам, се плашам да го имам“. Почнувајќи од себе, сведочев за стравови кои нѐ попречуваат да се вработиме, кои нѐ попречуваат со задоволство да ја работиме својата работа, кои нѐ попречуваат да ја работиме работата која најмногу ни одговара. И, почнувајќи од себе, сведочев за изговори со кои се оправдуваат стравовите кои нѐ држат во болка и страдање.
Има решение. Секој човек е способен да манифестира изобилство во својот живот.
Тета исцелување е техника која овозможува пренасочување на мислите, на вниманието, од она што нѐ попречува да искусиме изобилство на она што ни овозможува да живееме во изобилство. Толку е едноставно.
Како се работи?
Индивидуални средби и персонализиран пристап, прилагоден за секој/-а клиент/-ка, под водство на практичар за Тета исцелување.
Низ разговор се утврдуваат целта на клиентот/-ката и на неговите/нејзините отпори кои го попречуваат остварувањето на таа цел.
Во заеднички процес со практичарот за Тета исцелување чувствата и уверувањата кои го попречуваат остварувањето на поставената цел се заменуваат со чувства, верувања, доблести кои го олеснуваат остварувањето на целта. Овој процес е медитативен. Се изведува на Тета фреквенција на мозочни бранови со што се олеснува остварувањето на поставената цел и веројатноста за нејзино манифестирање се зголемува на 80-90%. Редовното практикување на Тета исцелување уште повеќе ја зголемува веројатноста за манифестирање на посакувани состојби и околности, а со тоа се намалуваат болката и страдањето.
Колку време трае?
Најчесто просечно времетраење на еден третман е околу деведесет минути.
Колку третмани се потребни за постигнување на одреден цел зависи од клиентот/-ката. Некои цели се остваруваат со една средба, но за разрешување на длабоко вкоренети чувства и верувања може да бидат потребни повеќе од една средба. Важно е да се има предвид дека со секоја средба се симнува барем по еден слој од отпорите кои го попречуваат остварувањето на посакуваната цел.
Што добивате?
- Разрешување на чувствата и на уверувањата кои Ве попречуваат професионално да се реализирате.
- Стекнување на чувства, верувања и доблести кои Ви овозможуваат професионално да се реализирате и да ја работите работата која најмногу Ви одговара.
- Инспирација и поддршка за препознавање на личните афинитети и за развивање на личните компетенции (знаења, искуства, вештини, меки вештини) кои Ви овозможуваат професионално да се реализирате и да ја работите работата што најмногу ви одговара.
- Помош во изработка на куса автобиографија (CV, резиме) и на мотивациско писмо или ревидирање на постоечките вакви документи.
- Подготовка за настап на интервју на конкурс за вработување или за преговарање со работодавачот за унапредување.
Ова е за Вас ако:
- не можете да поднесете да бидете невработен/-а;
- не можете да ја поднесете работата што сега ја работите;
- не можете да се поднесете да Ве сметаат за губитник/-чка;
- не можете да поднесете да не Ви се вреднуваат работата, знаењето и искуството;
- не можете да спиете, тешко дишете и се будите ноќе затоа што стравувате за тоа како ќе преживеете?, како ќе го издржувате своето семејство?, како да им овозможите подобри услови на децата?;
- Ви доаѓа да се откажете од сѐ;
- сте имале многу неуспеси, ама не се откажувате од Вашата намера да живеете во изобилство;
- знаете дека можете, ама не знаете од каде да почнете;
- верувате во себе и подготвени сте да преземете одговорност за својот живот;
- верувате дека имате право да живеете во изобилство;
- верувате дека можете да постигнете многу повеќе од ова што сега го имате и го правите во животот.
Ова не е за Вас ако:
- другите ги обвинувате за Вашите неуспеси;
- очекувате некој друг да Ви ги реши проблемите;
- очекувате некој друг да Ве избави од болката и од страдањето;
- имате намера Вашите цели да ги остварувате наштетувајќи им на другите.
Објавено на: