Можно е да се занимавате со сопствена самостојна дејност и можно е да ја развиете самостојната дејност со која веќе се занимавате.
Дали Ви се случува да седите и да размислувате за сето она што би можеле да го работите самостојно, во сопствено претпријатие или здружение? Или можеби мечтаете за тоа каква промена би направиле во својата заедница, општеството, па дури и во човештвото кога би имале сопствено претпријатие или здружение? Секако замислувате дека живеете во изобилство или дека, барем, со задоволство ја работите својата работа, без да Ви шефуваат, без да исполнувате туѓи цели и каприци? И многу е веројатно дека Вашите мечти за самостојна работа се далеку поразиграни од претпоставките во претходниве прашања.
Но што, до сега, направивте за остварување на својата замисла? Дали презедовте нешто повеќе од мечтаењата и разговорите со други луѓе за Вашите замисли, намери? Можеби сте поминале повеќе обуки за претприемништво и/или за планирање и управување со проектен циклус, сте присуствувале на мотивациски говори и предавања, сте читале и сте гледале сѐ што сте сметале дека ќе Ве доведе до целта?
Па што Ве спречува да ја остварите својата замисла? Дали немате доволно пари? Немате каде? Немате со кого? Сѐ уште не е време? Или овде не ја бива таа работа?
Сите овие прашања се изговори за „Зошто не?“. Но, ако само малку ѕирнете зад секое од овие прашања ќе видите дека тие само го кријат одговорот „Како?“. Всушност, Одговорот „Како?“ е затскриен зад нашите стравови, сомнежи, срамови, а изговорите се само надворешна манифестација на отпорите и прв патоказ до целта.
Тета исцелување има едноставен светоглед за целите кои си ги поставуваме во животот кој вели, „Сѐ што сакам да имам, а го немам, се плашам да го имам“. Почнувајќи од себе, сведочев за стравови кои нѐ попречуваат своите мечти и замисли да ги претвориме во стварност, кои нѐ попречуваат да направиме нешто повеќе за себе и за другите, кои нѐ попречуваат да ја работиме работата која најмногу ни одговара, кои нѐ попречуваат да ја оствариме својата мисија. И, почнувајќи од себе, сведочев за изговори со кои се оправдуваат стравовите кои нѐ држат во болка и страдање.
Има решение. Секој човек е способен да манифестира изобилство во својот живот.
Тета исцелување е техника која овозможува пренасочување на мислите, на вниманието, од она што нѐ попречува да искусиме изобилство на она што ни овозможува да живееме во изобилство. Толку е едноставно.
Како се работи?
Индивидуални средби и персонализиран пристап, прилагоден за секој/-а клиент/-ка, под водство на практичар за Тета исцелување.
Низ разговор се утврдуваат целта на клиентот/-ката и на неговите/нејзините отпори кои го попречуваат остварувањето на таа цел.
Во заеднички процес со практичарот за Тета исцелување чувствата и уверувањата кои го попречуваат остварувањето на поставената цел се заменуваат со чувства, верувања, доблести кои го олеснуваат остварувањето на целта. Овој процес е медитативен. Се изведува на Тета фреквенција на мозочни бранови со што се олеснува остварувањето на поставената цел и веројатноста за нејзино манифестирање се зголемува на 80-90%. Редовното практикување на Тета исцелување уште повеќе ја зголемува веројатноста за манифестирање на посакувани состојби и околности, а со тоа се намалуваат болката и страдањето.
Колку време трае?
Најчесто просечно времетраење на еден третман е околу деведесет минути.
Колку третмани се потребни за постигнување на одреден цел зависи од клиентот/-ката. Некои цели се остваруваат со една средба, но за разрешување на длабоко вкоренети чувства и верувања може да бидат потребни повеќе од една средба. Важно е да се има предвид дека со секоја средба се симнува барем по еден слој од отпорите кои го попречуваат остварувањето на посакуваната цел.
Што добивате?
- Разрешување на чувствата и на уверувањата кои Ве попречуваат професионално да се реализирате.
- Стекнување на чувства, верувања и доблести кои Ви овозможуваат да донесете одлука и да почнете сопствена самостојна дејност или да ја развиете дејноста со која веќе се занимавате.
- Поддршка во развивање на визија за посакуваната дејност.
- Поддршка во изработка на план за остварување на посакуваната дејност или за развивање на дејноста со која веќе се занимавате.
- Инспирација за препознавање на личните афинитети и можности за започнување на самостојна дејност, за оние кои сакаат да работат самостојно, но не можат да решат со која дејност би се занимавале или не знаат како да ја развијат дејноста со која се занимаваат.
- Инспирација и поддршка за препознавање и за развивање на личните компетенции (знаења, искуства, вештини, меки вештини) кои можат да претставуваат основа за почнување на сопствена самостојна дејност или за развивање на дејноста со која веќе се занимавате.
- Поддршка во препознавање на можностите за развивање и искористување на човечкиот и социјалниот капитал кој го имате на располагање за да почнете сопствена самостојна дејност или да ја развиете дејноста со која веќе се занимавате.
Ова е за Вас ако:
- не можете да поднесете да бидете невработен/-а;
- не можете да ја поднесете работата што сега ја работите;
- не можете да поднесете да не ви се вреднуваат работата и работното знаење и искуство;
- Ви доаѓа да се откажете од сѐ;
- сте имале многу неуспеси, ама не се откажувате од Вашата намера да живеете во изобилство;
- знаете дека можете, ама не знаете од каде да почнете;
- сакате да направите нешто за заедницата во која живеете;
- сакате да оставите наследство за следните поколенија;
- верувате во себе и подготвени сте да преземете одговорност за својот живот;
- верувате дека имате право да живеете во изобилство;
- верувате дека можете да постигнете многу повеќе од ова што сега го имате и го правите во животот.
Ова не е за Вас ако:
- знаете сѐ и сметате дека немате потреба од туѓа помош;
- не сте подготвени да преземете одговорност за себе и за остварување на своите замисли;
- очекувате некој друг да Ве избави од болката и од страдањето;
- имате намера Вашите целите да ги остварувате наштетувајќи им на другите.
Објавено на: