Да сум богат
Да сум богат

Да сум богат

„Оф!, Господи, си создал толку многу сиромашни луѓе.
Разбирам, секако, не е срамота да си сиромав човек,
но морам да ти кажам и дека не е некоја особена чест!“

Со овие зборови Тевје млекарот, лик во мјузиклот „Свирач на покривот“ (анг. Fiddler on the Roof; рус. Скрипач на крыше), прави вовед во песната „Да сум богат“ (анг. If I Were a Rich Man).

А во песната Тевје продолжува да му се обраќа на Господа објаснуваќи му што се би правел, колку добро би живеел, само ако Господ се смилува да го направи богат човек. Па така Тевје набројува како би изградил голема куќа во центарот на градот. И како во дворот би имал најразновидна живина. И како неговата сопруга би била страв и трепет за многубројните слуги. И како сите би му се восхитувале. И како дури и највидните луѓе би го уважувале. Но Тевје е сиромашен млекар и нема ништо од тоа.

„Да сум богат“ во претставата „Свирач на покривот“.

Ако малку повеќе се задлабочите во песната ќе забележите дека тоа што Тевје го бара од Господ, всушност, е да го живее животот во изобилство и со леснотија и да биде почитуван, вреднуван и ценет во својата заедница. Располагањето со овие доблести Тевје го условува со поседување на големо материјално богатство. Поточно, Тевје овие доблести ги смета за привилегија на „богатите“ луѓе, односно на луѓето што располагаат со голема финансиска моќ. Впрочем, слични верувања преовладуваат кај многу луѓе со послаба финансиска моќ. Ама грешат.

„Да сум богат“ на англиски од филмот „Свирач на покривот“ од 1971 година.

Вајана Стајбал (Vianna Stibal), творечка на методот „Тета исцелување“ во своите книги истакнува дека за остварување на одредена цел треба да се работи на личните чувства и уверувања. Ова значи дека Тевје и другите луѓе со слични желби имаат поголема веројатност да стекнат поголема финансиска моќ ако кај себе ги развијат оние доблести кон кои се стремат. Во случајот на Тевје млекарот тоа би биле: почитување, вреднување, ценење, изобилство, живеење и работење со леснотија. Тевје секако би имал поквалитетен живот кога би располагал со овие доблести, дури и ако нема материјално богатство. Од друга страна, не е правило дека луѓето што располагаат со голема финансиска моќ, а немаат вакви доблести ќе имаат квалитетен живот. Впрочем, тешко дека човек без доблести може да има квалитетен живот.

Препорачани четива