И јас тебе, љубов моја!“, Дарко го завршуваше телефонскиот разговор додека чекавме да почне состанокот. Го исклучи повикот и ја подигна главата соочувајќи се со нашите потсмешливи погледи.
„Да! Љубов?!“ рече, сфаќајќи го нашиот скришен потсмев. „Смешно звучи, ама што да правам? Тоа е посилно од мене.“, рече со насмевка. „Се обидував и јас некогаш да бидам ‘кул’, ама не ми успеваше, па си реков, да си бидам тоа што сум. Вака ми е многу полесно, не морам да глумам.“
Насмевката ми се замрзна на лицето. Очекував дека Дарко ќе се засрами, дека ќе почне да бара оправдувања, изговори, дека ќе покаже слабост, а ние ќе бидеме „кул“. Ама, не. Тој покажа зрелост. Имаше разбирање за нашата реакција на неговиот телефонски разговор, но не подлегна, а тоа беше навистина „кул“. Толку „кул“ што јас се засрамив.
И ден-денес кога помислувам на таа случка се прашувам што има толку срамно во љубовта и зошто ни е толку тешко да изразиме љубов?
Препорачни четива