Песокта се цедеше низ дупчето на тенџерчето додека тоа мачно потскокнуваше по земјата. Кога се испразни, детето се врати кај купот песок и со рачињата повторно го наполни. Потоа ја зеде врвката и го повлече тенџерчето. А тоа повторно мачно потскокнуваше триејќи се од камчињата. Низ дупчето на неговото дно се цедеше песокта.
Кога тенџерчето ќе се испразнеше, детето повторно ќе го наполнеше. И повторно ќе го влечеше наоколу се додека не се испразни.
И тоа е тоа. Во тоа бесцелно разнесување песок се состоеше целата детска игра.
Препорачани четива