Градскиот
Градскиот

Градскиот

Напомена: Ова четиво не е препорачливо за читатели чувствителни на вулгарности.

„А бе, ш’о све сум пра’ел ја у животов.“, се фалеше Ицо. „Вие денес абер немате. Пилиштарци.“

А тие пилиштарци, четворица шеснаесетгодишници, внимателно го слушаа додека раскажуваше за своите доживувања.

„Што Германки сум ебавал на Наше море. Секој ден со друга. Еднаш пердашев едни Данкињи, мајка и ќерка заедно, ќе ме изедеа. Не знаеш која од која беше подобра. Не као овие нашиве, ем им иска, ем им стиска. Ама и во Скопјево добро се мрсев. И сите беа задоволни. Како во оној вицот, знаете?, оној што дрндал мечка, па потоа таа со години мед му носела. Е тоа бев ја.“, поентираше Ицо со мангупска насмевка.

„У секоја кафана имав моја маса. Кога ќе ме видеа, тоа келнерите, до уши се кезеа. Еднаш ми прекурчија сите, им платив за цела вечер и ги натерав да ја испразнат кафаната. Само за мене работева. Што ќе ми прднеше на курот, тоа правев у животов.“

„А за својата земја што си направил, за својот народ?“, праша Тихи. Тој некако не ја споделуваше воодушевеноста на своите врсници од приказните на Ицо.

„Која земја, бе? Кој народ?“, се обидуваше Ицо да го задржи сарказмот на искусен градски мангуп. „Радничка класа. Глувци. Аморфна маса. Не ме заслужуваат тие мене, ни оваа земја, ни овој народ. Знаеш што сум јас за сите нив? Ја сум цар, бе. Ја сум, бе, бог за сите нив. Ја сум…“

„Ти си курац на бициклу.“, му упадна Тихи во самофалбите, а потоа се заврте и си замина.

„Ти’бам мамата и на тебе.“, промрморе Ицо, некако немоќно. Почувствува како ја губи величината во очите на останатите слушатели, кои само уживаа во сеирот. Почувствува како ја губи величината во своите очи. Ја почувствува залудноста на целиот свој живот.

Препорачани четива