Како топка под вода
Како топка под вода

Како топка под вода

Стоеше во езерото, а водата му допираше над половината.

Ја потопи топката во водата и ја повлече раката. Топката отскокна над површината распрснувајќи ја водата околу себе.

Повторно ја потопи топката, овој пат задржувајќи ја подолго време. Мускулите на раката почнаа благо да му се напрегнуваат поради отпорот на водата врз топката. Ја повлече раката и топката повторно отскокна над површината распрснувајќи ја водата околу себе.

И по трет пат ја ја потопи топката и долго време ја држеше под водата. Го заболе раката, но и понатаму ја држеше топката потопена во водата. Почнаа да му се грчат и мускулите на вратот. Се измори. Му требаше дополнителна сила за полесно да го совлада отпорот на водата врз топката па со десната страна се навали врз неа. Стоеше така додека заморот раснеше. Ова е бесмислено, си помисли. Ја повлече раката и топката отскокна над површината распрснувајќи ја водата околу себе.

Хм, исто како и со чувствата, си помисли.

Препорачани четива